Навивачите долго време му даваа поддршка на Оле Гунар Солшер, но веќе почнаа да го губат трпението, па со барање за негово замиинување создаваа дополнителен притисок.
Но, Солшер засега ја има поддршката на раководството на клубот, а тоа му е најважно. Но што ќе се случи ако Манчестер јунајтед продолжи да губи бодови?
Распоредот на црвените ѓаволи е пеколен, а тој започнува утре со мечот од Лигата на шампионите против Аталанта.
Во наредните девет натпревари, може да се каже дека само Ватфорд изгледа како лесен противник.
Распоред на Манчестер јунајтед за наредните натпревари:
20.10 Манчестер јунајтед – Аталанта
24. 10 Манчестер јунајтед – Ливерпул
30.10 Тотнем – Манчестер јунајтед
02.11 Аталанта – Манчестер јунајтед
06.11 Манчестер јунајтед – Манчестер Сити
20.11 Ватфорд – Манчестер јунајтед
23.11 Виљареал – Манчестер јунајтед
28.11 Челси – Манчестер јунајтед
02.12. Манчестер јунајтед – Арсенал