204
Вечерва на Олд Трафорд, Манчестер јунајтед ја пречекува Аталанта во 3. коло од Лигата на шампионите и „ѓаволите“ очигледно не бирале средства за да го извадат противникот од колосек.
Како што пренесува Скај Спорт Италија, алармот за пожар се вклучил дури пет пати и фудбалерите на Аталанта останале без сон.
И сопругата на Руслан Малиновски се пожали на Инстаграм и напиша: „Пеколна ноќ во Манчестер, алармот за пожар се вклучи пет пати по пристигнувањето на тимот. Дали мислите дека ова е случајно? Јас мислам дека е намерно“.