Победата на Барселона над Реал за Педри била со уште подобар шмек, тој има кратко и неславно минато со гигантот од Мадрид.
„Бев на проба во Реал Мадрид и во првите неколку дена не можев да тренирам бидејќи имаше снег на терените. Тренирав три дена. Ми рекоа да тренирам со Б тимот и на крајот ми рекоа дека не сум на потребното ниво и можам да си одам. Сега сум таму каде што сакам да бидам“, вели Педри.
„На почетокот тоа не го прифатив лесно, бидејќи никој не сака да биде одбиен, но потоа го сфатив како мотивација, ако тие не ме сакаат, ќе тренирам уште понапорно, па можеме ќе се случи нешто друго во иднина. Не памтам кој ме одби, доколку го видам ќе му кажам дека сега уживам во Барселона“.
бложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.