304
Барселона е во пад, но веројатно ова е само период и прашање на време е кога каталонскиот клуб повторно ќе се издигне на највисоко ниво.
Но, останатите фудбалски гиганти ја следат ситуацијата на Барселона и се обидуваат да привлечат некој од талентираните фудбалери во тимот.
Еден од најатрактивните е Педри кој пред извесно време потпиша нов договор со Барселона.
„Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и ПСЖ се заинтересирани за мене? Среќен сум да останам во Барса, тоа е мојот сон“, вели Педри за „Тутоспорт“ кој му ја додели наградата за најдобар млад фудбалер.
„Ве молам оставате ме тука да играм до 2026, а потоа ќе видиме. Само што потпишав нов договор со Барселона“.