179
Педри ја доби
наградата на Тутоспорт за најдобар фудбалер под 21 година кој настапува во прва
лига во Европа.
Младата ѕвезда на
Берселона стигна до признанието „Златно момче“ пред Џад Белингам од Борусија
Дортмунд и тоа со историска предност.
Од 40 новинари
кои учествувале во гласањето, Педри бил прв избор на дури 24 новинари, бил втор
избор кај 9 новинари и 3 избор кај тројца новинари.
На крајот собрал 318 поени,
дедека пак Џад Белингал собрал 119 поени. Разликата од 199 поени никогаш
претходно не е видена во историјата на наградата „Златно момче“.