61
Педри е дел од селекцијата на Шпанија за престојните квалификациски натпревари за Светското првенство.
Тој се појави и на прес конференцијата, а едно од прашањата му беше што мисли за написите дека тој е следниот Андрес Иниеста.
„Јас треба да бидам Педри, но чест ми е што сум споредуван со Андрес Иниеста“, вели Педри.
„Во репрезентацијата ме прифатија одлично од првиот ден. Тоа што ги знам Алба, Бускетс и играчите со кои сум играл во младинските селекции прави да ми е полесно. Ми се допаѓа стилот на игра на Луис Енрике и се надевам дека ќе учам и ќе се адаптирам коклку што е можно побрзо во националниот тим“.