Пато откри дека Анчелоти доаѓал на тренинг со хеликоптер: Беше како Џејмс Бонд!

by
1 минути читање

Карло Анчелоти
изминатиов период е во фокусот на јавноста откако го предводеше Реал Мадрид до
титула во Ла Лига и Лигата на шампионите, стратегот беше хит на социјалните
мрежи откако се појави фотогравија на која Италијанецот пуши пура и носи
наочари.

Александро Пато,
кој имаше прилика да соработува со Карло Анчелоти во Милан, за „Д плејерс трибјун“
вели: „Анчелоти ми беше како татко, дури и кучето го крсти Пато“.

„Сите ја видовте фотката
од него на парадат во Мадрид, со наочарите и пурата? Па, во Милан знаеше често
да дојде на тренинг со хеликоптер. Живееше во Парма и неговата сопруга знаеше
да лета хеликоптер. Ќе се појавеше како Џејмс Бонд. Карло знаеше да живее со
стил“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани