„Скај Спорт
Италија“ тврди дека Парма прави напори за да го врати легендарниот голман
Џанлуиџи Буфон назад на „Енио Тардини“, надевајќи се дека ветеранот ќе посака
да ја заврши својата кариера онаму каде што започна.
Буфон се раздели
со Парма пред точно 20 години кога се пресели во редовите на Јувентус, клуб за
кого запиша над 500 настапи, но, на свои 43 години би можел повторно да го
облече дресот на „Млекарите“.
Буфон од
претходно има изјавено дека во Италија единствено би настапувал само за
Јувентус и Парма, а клубот со него се надева дека би можел брзо да се врати во
елитното друштво Серија А, а веќе го назначи Енцо Мареска за нов шеф на
стручниот штаб.
Мареска и Буфон
беа соиграчи во Јувентус, а Парма се обидува да ја искористи таа конекција во
убедувањето на голманот.