Парите биле во втор план: Откриено колку ќе заработува Нејмар во Сантос

by Стефан
1 минути читање

Како и што се најавуваше, Нејмар се врати во редовите на Сантос, клубот каде што ја започна професионалната кариера, а сега е познато и колку ќе заработува.

Нејмар во Сантос ќе има плата од 161.500 евра, но исто така ќе задржи и 90% од правата на својот лик што ќе му овозможи многу поголема заработка надвор од основната плата.

Ваквиот модел на договор потсетува на неговиот претходен престој во Сантос од 2010 до 2013 година кога заработуваше основни 48.400 евра месечно, но благодарение на маркетиншките права неговата вкупна заработка изнесуваше 533.000 месечно.

Бразилскиот ас одлучи да го напушти Ал Хилал по бројните повреди кои го оставија долго време надвор од терените, а епизодата во саудискиот клуб ја заврши со само еден гол на 17 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани