Паратичи: Сакаме Кејн да остане во Тотнем, тоа ни е целта

by
1 минути читање

Новиот спортски
директор на Тотнем, Фабио Паратичи не крие дека клубот од Лондон очајно
посакува да го задржи својот најдобар фудбалер Хари Кејн и во новата сезона, а
за него е познато дека посакува да си замине во клуб од повисок калибар, каде
би се борел за титули во својата кариера.

Ние посакуваме
да го задржиме Хари Кејн во Тотнем, тоа е нашата цел
“ рече Паратичи во изјавата
за „Скај Спорт Италија“.

Имав среќа да
уживам во соработката со многу големи фудбалери во Јувентус, а сакам да
продолжам и со Хари исто така во овој клуб, тој е еден од најдобрите напаѓачи
во светот
“ додаде Италијанецот.

Се уште не сум
имал разговор со Хари, немам намера да вознемирувам фудбалери за време на
Европското првенство, тој е неверојатен напаѓач
“ нагласи Паратичи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×