Тотнем му врачи
отказ на Нуно Еспирито Санто, а за нов тренер го назначи Антонио Конте,
поранешниот соработник на Фабио Паратичи од Јувентус, кој сега е актуелен
спортски директор на „Спарси“.
Паратичи добро го
познава Конте, а вели дека едвај чека да го види како работи со талентираната,
според него група на фудбалери.
„Ние сме
пресреќни поради фактот што му посакуваме добредојде на Антонио во клубот,
неговиот учинок говори сам по себе, со толку искуство и трофеи, како во
Италија, така и во Англија“ рече Паратичи.
„Од прва рака ги
знам квалитетите кои Антонио ќе ги донесе во тимот, заедно работевме во
Јувентус, едвај чекам да го видам како работи со оваа доста талентирана група
на фудбалери која ја имаме во тимот“ додаде тој.