Спортскиот
директор на италијанскиот првак Јувентус, Фабио Паратичи ги демантираше
шпекулациите дека неизвесна е иднината на Кристијано Роналдо во тој клуб, како
и тоа дека Португалецот би можел да биде продаден идното лето.
Постоеа одредени
информации низ медиумите дека Јувентус ја разгледува опцијата да го продаде
Португалецот идното лето, а се појавија дури и информации дека Роналдо
воспоставил контакти околу можно враќање во својот поранешен клуб.
„Неговата иднина
е со нас, можам да ви потврдам за ова“ рече Паратичи.
„Трансфер
шпекулации постојат секојдневно, а фудбалерите постојано се поврзуваат со
различни клубови, меѓутоа ние не обрнуваме многу внимание на тие работи“ додаде
спортскиот директор на „Старата дама“.
Роналдо постигна
осум погодоци во пет натпревари во новата сезона од Серија А досега, од
неговиот трансфер во 2018. година, освои две Скудета со Јувентус, како и
Суперкупот во тоа првенство.