По победата на Алавес,
Диего Симеоне им даде еден слободен ден на фудбалерите, па денеска се продолжи
со работа. Сепак тренингот не помина според планот, имаше многу паника и страв
откако Муса Дембеле се онесвести.
Додека
фудбалерите се истегнуваа, напаѓачот се струполи на теренот и ги исплаши сите. Веднаш притрчаа соиграчите и луѓето од медицинскиот тим на Атлетико, и по неколку минути
тензија, Муса Дембеле стана и успеа да отиде до амбулантното возило крај теренот.
Од
Атлетико Мадрид брифираат дека на Французинот му паднал притисокот. Тој сега е во
болница, неговата ситуација ќе се следи во следниот период, но вестите се
охрабругачки, сите витални знаци се нормални.
Atlético Madrid striker Moussa Dembélé collapsed in training today and had to receive medical attention.
He eventually regained consciousness and was able to walk off the pitch on his own. He is currently at hospital undergoing further medical tests.
pic.twitter.com/3Gm7SG2Kf6— FutbolBible (@FutbolBible) March 23, 2021