„Паненката“ на Агуеро му се удри од глава на Сити, Алонсо во 92. минута донесе победа за Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во дуел на двата
финалисти во Лигата на шампиони, Челси славеше со 1-2 на Етихад против Манчестер
Сити.

„Паненката“ на
Кун Агуеро им се удри од глава на „граѓаните“. Аргентинецот сакаше со
мајсторија од пенал да донесе водство од 2-0, но се избрука за сите пари па на
пауза се замина со 1-0.

Во продолжението
од мечот, Зијеш од врвот на шеснаесетникот биеше прецизно по земја за 1-1 во
61. минута, за Алонсо во судиското надополнување да го совлада Едерсон за 1-2.

Па Манчестер Сити
сега ќе почека за шампионското славје а Челси освои три големи бода во трката
за топ четири пласман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×