Пандев: Жалам што загубивме, но ништо не е готово

by
1 минути читање

Македонија загуби со 3-1 од Австрија на премиерата на Европските првенства. Горан Пандев го постигна голот за нашата репрезентација, но тој не беше доволен за да се спасиме од пораз.

„Како за прв меч на ЕП ова е едно големо искуство. Мислам дека одигравме добро, но Австријците физички се многу помоќни од нас, имаат и подобра клупа. Требаше ние при 1-1 подобро да ги реализираме контрите, потоа примивме несреќен гол и тука натпреварот беше решен“, изјави Пандев по натпреварот.

„Шансите не се загубени, сега треба да се одмориме и да се подготвуваме за Украина. Не очекува уште еден тежок натпревар. Тој меч треба да го одиграме отворено бидејќи веќе нема што да загубиме“.

„Најмногу ми е жал ми е за луѓето кои дојдоа тука, им благодарам од се срце што дојдоа да не поддржат, да бидам искрен го дадовме максимумот, Австрија е многу квалитетна репрезентација, а ние се надеваме дека на следните натпревари ќе одиграме подобро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани