228
Пандев преку социјалните мрежи веднаш му го честиташе Скудетото на Интер, а сега и преку италијанските медиуми го направи тоа.
„Браво за Интер, време беше. Заслужено освоена титула која ќе донесе радост кај навивачите“, изјави Пандев за „Газета дело Спорт“.
И покрај тоа што се радува за освоеното Скудето на Интер, Пандев жали што Џенова не победи против Нероазурите.
„Разочаран сум што мојата Џенова не можеше да ги сопре нив. Но тешко е кога играте против шампионот на Италија“.