Пандев: Веќе долго време се чувстував Италијанец

by
1 минути читање

Горан Пандев од денеска има и италијанско државјанство, тој 17 години е во Италија и вели дека долг период се чувствува како Италијанец.

„Многу сум среќен, во Италија сум речиси 18 години и веќе долго време се чувствувам ако Италијанец. Им благодарам на сите, ова е прекрасен момент за мене“, изјави Пандев.

Пандев во Италија замина во 2001 година кога од Беласица потпиша за Интер каде беше во младинскиот тим. Потоа играше за Специја, Анкона, Лацио, па се врати во Интер со кој ја освои и Лигата на шампионите, потоа го носеше дресот на Наполи и сега е во Џенова. Од 2001 година до денес само една сезона помина надвор од Италија кога беше член на Галатасарај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани