Пандев уште е фан на Интер: Ова е добра година за Скудето!

by
0 минути читање

Интер беше клубот кој го донесе Пандев во Серија А, а подоцна со нероазурите Македонецот го направи и најголемиот клупски успех во својата кариера освојувајќи ја тројната круна.

По мечот против Беневенто во кој дојде до 100 гола во кариерата, Пандев покажа и дека уште е фан на Интер.

„Се уште го следам Интер. Му честитам на тренерот и се надевам дека ова е добра година за да се освои Скудетото“, изјави Пандев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани