Пандев пропушти да го замолкне Олимпико, Рома се спаси од ново разочарување (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Серијата од пет
меча без триумф заврши, Рома славеше со 3-2 против Џенова. Во возбудливо прво
полувреме, гостите во два наврати водеа, но домаќините се враќаа.

Пјатек во 17.
минута донесе изненадувачко водство за Џенова, но Фазио изедначи по половина
час игра. Само неколку минути подоцна Хилјемарк погоди за нова предност на
гостите. Сепак, на пауза се замина со 2-2, Клајверт во 45. минута реализираше
за нов егал.

Џенова на стартот
од вториот дел стигна до водство од 2-3, но голот беше поништен со помош на ВАР
бидејќи во зачетокот на акцијата Пјатек беше во офсајд.

По еден час игра,
Рома успеа да го сврти резултатот во своја корист и со голот на Кристанте
стигна до 3-2.

Гостите не се
предадоа и до последниот свиреж бркаа бод. Имаа неколку шанси а најизгледната
беше во нозете на Горан Пандев, кој од неколку метри биеше многу непрецизно и
наместо да го замолкне Олимпико во 89. минуа од мечот, ја испрати топката на трибини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани