Пандев повикува на поддршка: Дојдете на трибините да не бодрите, после химната, нема замор!

by
2 минути читање

Избраниците на
Игор Ангеловски во понеделник на домашен терен во Скопје, на „Телеком арената“
ја пречекуваат Турција во контролен меч, што воедно ќе биде увертира за тоа што
следи, дуелот против Шпанија, исто на домашен терен на 11. јуни во рамките на
мундијалските квалификации за СП Русија 2018.

На мене,
а и на соиграчите секогаш ни е најдраго кога играме против најдобрите. Турција
е многу силна репрезентација, доаѓаат во полн состав, но сигурно нема да се
браниме. Мораме да држиме ритам во текот на сите 90. минути и да бидеме
фокусирани
“ вели Пандев.

Пандев дополнува
дека атмосферата во тимот е одлична, притоа упати повик до сите навивачи, да
дојдат на трибините и да ја бодрат Македонија.

Атмосферата
е одлична, многу позитивна и сите со нетрпение го чекаме почетокот на мечот.
Очекуваме голема поддршка од трибините. Сите ние чувствуваме посебна енергија
кога играме за репрезентацијата, таа поврзаност е многу силна и кај Турција, но
фудбалот се игра на тревникот. После химната, нема замор. Одиме да се
надигруваме
“ дополни капитенот на
нашиот национален тим.

Дуелот против
Турција во понеделник се игра во терминот од 19 часот и 45 минути, за овој
натпревар од „Куќата на фудбалот“ пуштија влезници по симболични цени.

 

Извор/Фото:
ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани