Пандев открива што му кажал судијата за спорниот момент кога не доби пенал и зошто ВАР останал нем

by
1 минути читање

Џенова синоќа загуби на „Олимпико“, но гостите има за што да жалат откако два пати водеа а во финишот имаа добра прилика да го изненадат противникот, а не им беше досуден и пенал.

Во центарот на случувањата беше Горан Пандев, кој во 89. минута пропушти изгледна шанса, а врз него стартуваше и Флоренци во спорниот момент од 95. минута.

„Пеналот беше чист“ – вели Пандев за Раи. „Но како што ние играчите правиме грешки, така и судиите можат да погрешат. Останавме без бодови и жалиме за ова, не заслуживме да загубиме“.

„Му кажав на судијата да го прегледа инцидентот, тој во прв момент не ми кажа ништо и само се насмевна. Вакви грешки се случуваат, но можат да се избегнат со ВАР. Судијата потоа ми кажа дека видел добро што се случувало и затоа не се консултирал со ВАР“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани