308
Нова одлична
партија на Горан Пандев, Македонецот постигна гол и забележа асистенција во поразот
на Џенова од 3-4 против Аталанта.
Гостите имаа
сигурна предност од 0-3 и 1-4, но Пандев во 66. минута од белата точка го постигна
101-от погодок во Серија А и намали на 2-4. Напаѓачот потоа му асистираше на
Шомуродов за 3-4 и неизвесна завршница, но гостите од Бергамо ја задржаа
предноста и се радуваа на нов настап во Лигата на шампиони.