Пандев: Не сакаме премија за пораз!

by
1 минути читање

Македонија синоќа одигра одличен меч против Романија но загуби со 3-2. И покрај поразот ФФМ одлучи да ги награди со 40.000 евра.

За првпат за една наша фудбалска селекција е одредена премија за добра игра, а не за резултат.

Но очигледно ваквиот преседан во таборот на фудбалерите е сфатен како поткуп за нивното незадоволство од работата на ФФМ, па Пандев изјави дека тие се договориле да не ја прифатат премијата за пораз.

„Не сакаме премија за пораз, мислиме дека тоа би било незаслужено. Сите фудбалери се договоривме да не ја земеме премијата. Ја оставаме да си ја поделат членовите на УО“, изјави Горан Пандев за „МакФудбал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани