Пандев ќе добие нов тренер

by
1 минути читање

Со два гола на Жервињо, Парма ја победи Џенова со 2-1. Тимот на Горан Пандев се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Маран го презема кормилото на стартот од сезоната од Давиде Никола, но не успеа да направи нешто повеќе од него, напротив, има само една победа во досегашниот дел од сезоната.

Џенова минатата недела го промени спортскиот директор, на местото од Даниеле Фаџијано, дојде Франческо Марочу. Се верува дека тој има други и идеи, и една од првите одлуки ќе му биде таа за нов тренер.

Според италијанските медиуми, големи се шансите за враќање на Давиде Никола, а се шпекулира и со името на поранешниот тренер на СПАЛ, Леонардо Семплици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×