162
Џенова никако да излезе од кризата во која се наоѓа, Сампдорија се чинеше како противник по мерка за такво нешто, но Шевченко запиша нов пораз.
Горан Пандев го одигра целиот натпревар, имаше една шанса за гол, но не успеа да реализира.
Со два гола на Габиадини и еден на Капуто, Сампдорија до 67. минута водеше со 3-0.
И откако го прими третиот гол, дури тогаш се разбуди Џенова, почна да создава шанси, Дестро намали на 3-1. Следуваа и две стативи, но не успеаа да се спасат од пораз во финишот.
Џенова се наоѓа на претпоследното место на табелата со 10 бодови. Во следното коло му гостуваат на Лацио на Олимпико.