Пандев е една од 10. ѕвезди кои според ФИФА заслужуваат настап на СП

by
1 минути читање

Од утре започнуваат квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар, нашата репрезентација својот прв меч го игра во четврток против Романија.

ФИФА на својот официјален веб сајт објави листа на десет фудбалери кои според нив заслужуваат да играат на Светско првенство, еден од нив е нашиот капитен Горан Пандев.

„Напаѓачот играше во голема форма во Лацио пред да се пресели во Интер и да им помогне да ја освојат познатата тројна круна во 2009/10. Пандев се уште импресионира во Серија А за Џенова. Макекдонија никогаш не завршила во топ три во квалификации за Светско првенство, но тие се освежени од учеството на нивното прво големо натпреварување, Европското првенство“, пишува ФИФА и како други клучни играчи во македонската репрезентација ги посочува Алиоски, Елмас и Барди.

Останатите девет фудбалери на листата на ФИФА се: Обамејанг, Бејл, Хачисон, Ву Леи, Мхитарјан, Облак, Ван Дајк, Заха и Запата.  

Линкот од целата статија на ФИФА можете да го видите ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани