73
„Црвено-жолтит“
продолжуваат со квалификациите за Европското првенство, утре на арената „Тодор Проески“
се среќаваат со Полска. Во редовите на противникот има неколку играчи кои Горан
Пандев ги познава од настапите во Серија А, а шест месеци играши крај Криштоф
Пјонтек во Џенова, кој во јануари направи богат трансфер во Милан.
„Добро го
познавам Пјонтек, живеевме во иста зграда и секој ден одевме заедно
на тренинг. Шест месеци игравме во Џенова. Се работи за добро момче, голем
играч. Не се обложивме, но ако победиме, чекам да части вечера. Очекувам цврст
и добар меч, оптимист сум дека можеме до добар резултат“ – вели капитенот на
Македонија, Горан Пандев.