69
Владимир Блажев,
македонскиот музичар од дуото ДНК, или познат како Панчо, односно „ди-џеј“
Шорти, го овековечи историскиот пласман на нашите фудбалери на Европското
првенство со тоа што ги истетовира презимињата на сите фудбалери на неговата нога.
„Кога ќе
ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на
истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја
приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со
сплотеност и верба се постигнува успех. Браво момци, херои наши“ напиша
популарниот пејач, а воедно и „ди-џеј“.