Фудбалската репрезентација на Панама стана мета на потсмев откако снимка од нивниот отворен тренинг стана вирална на социјалните мрежи. На видеото се гледа како фудбалерите имаат проблеми при вежба за реализација, а можат да се видат и неколку неточни додавања.
Панама, која по вторпат настапува на Светско првенство по дебито во 2018 година, се натпреварува во групата Л заедно со Хрватска, Англија и Гана. Првиот натпревар ќе го одигра на 17 јуни против Гана во Торонто.
Избраниците на селекторот Фелипе Балој пласманот на завршниот турнир го обезбедија преку квалификациите во северноамериканската, средноамериканската и карипската зона. Во пријателските натпревари изминатата седмица Панама загуби со 6-2 од Бразил, а потоа ја совлада Доминиканската Република со 4-2.
Panama held an open training session before the World Cup…
— Out of Context Football Manager (@nocontextfm1) June 3, 2026
Just watch 😳 pic.twitter.com/lKGhclWKPD