Палермо поразен Аталанта, Интер им се врати на победите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Палермо беше немоќен против Аталанта која игра одлично оваа сезона, Несторовски не успеа да се запише во листата на стрелците на денешниот меч.

Несторовски ги одигра сите 90 минути, Трајковски беше стартер но играше до 55. минута од натпреварот. По негатива од 2-0, Палермо со гол на Чочев се врати во мечот, но до крајот противникот постигна уште еден гол и ги откажа надежите на домаќините.

По контроверзното дерби против Јувентус, Интер им се врати на победите совладувајќи го Емполи со 2-0. На овој меч не играа суспендираните Икарди и Перишиќ како и повредениот Брозовиќ, но и покрај тоа нероазурите дојдоа до трите бода.

Едер и Кандрева беа стрелци на головите за важни три бода во битката за местата кои водат во Европа.

Дожд од голови имаше во Торино на мечот помеѓу домашниот тим и Пескара. Торино победи со 5-3. Интересно домаќините имаа водство од 5-0, но со три гола во последните 15. минута Пескара успеа да дојде до пристоен пораз.

Киево со 3-1 победи на гостувањето кај Сасуоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани