Се чини дека Палермо е
решителен во намерата да го задржи во своите редови својот најдобар поединец,
капитенот на тимот Несторовски, тоа го потврдуваат и одредени медиуми во
Сицилија.
„И покрај неколкуте
понуди кои пристигнаа, раководството на Палермо, според информациите до кои
дојдовме, а истите ги потврдија нашите извори, напаѓачот Илија Несторовски и
дефанзивецот Андреа Рисполи ќе останат во Палермо најмалку до крајот на
актуелната сезона“ пишуваат дел од медиумите во Сицилија додавајќи дека
обајцата се од исклучително значење за шефот на стручниот штаб на италијанскиот
второлигаш, Бруно Тедино.
Палермо првиот дел од
сезоната го заврши на првото место на табелата во Серија Б, а капитенот на
тимот, 27 годишниот Несторовски на десет натпревари постигна 14 погодоци.
Нашиот втор
интернационалец од редовите на Палермо, Александар Трајковски пак исто имаше
солидна полусезона со три погодоци на 13 настапи.
Извор: tuttopalermo.net