Сандро Тонали би можел да биде едно од најжешките имиња на летниот преоден рок, откако интересот за него сериозно расте меѓу англиските гиганти.
Играчот на Њукасл е на радарот на двата клуба од Манчестер, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, при што „црвените ѓаволи“ во моментов имаат мала предност во трката за неговиот потпис. Според проценките, потенцијалниот трансфер би можел да достигне вредност од околу 100 милиони евра, што доволно говори за тоа колку високо се цени италијанскиот репрезентативец на пазарот.
Во изминатиот период интерес покажуваше и Јувентус, но италијанскиот гигант тешко дека може финансиски да им парира на премиерлигашите.
Тонали претходно настапуваше за Милан, а со своите партии продолжува да привлекува внимание од најголемите европски клубови.