Брајтон ја доби трката со Манчестер јунајтед и Арсенал за потписот на перспективниот Харалампос Костулас, младото момче е пред трансфер во Премиерлигата вреден 40 милиони евра, нов рекорд за балкански услови.
Харалампос Костулас важи за еден од најперспективните фудбалери во својата генерација, па тинејџерот се најде во бележникот на неколку гиганти како Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Арсенал.
Сепак, трката за неговиот потпис ја доби Брајтон, кој реши да ризикува и да инвестира околу 40 милиони евра во ангажман на 18 годишниот Грк од Олимпијакос.
Последните информации велат дека напаѓачот утре ќе ги одработи редовните лекарски прегледи и ќе го комплетира трансферот во редовите на популарните „галеби“.
Со сума од 40 милиони евра Харалампос Костулас ќе стане најскап трансфер на Балканот, претходно овој епитет му припаѓаш ена Јошко Гвардиол, кој од Динамо Загреб се пресели во РБ Лајпциг за нешто помалку од 37 милиони ера.
ФОТО: X/Olympiacos FC