Падна договор: Португалија има нов селектор!

by riste
0 минути читање

Фудбалската федерација на Португалија го договори наследникот на Роберто Мартинез, постигнат е договор со нов селектор.

Тоа е искусниот Жорге Жесус, тој ќе ја води селекцијата на Португалија до 2030 година.

Двете страни си подале рака, наскоро договорот ќе биде и официјално објавен.

Легендарниот Жесус ќе ја води Португалија на Европското првенство 2028 и Светското првенство 2030 година.

Тој минатата сезона како тренер на Ал Наср ја освои титулата во Саудиска Арабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×