Озил веднаш најде нов клуб откако раскина со Фенербахче

by
1 минути читање

Озил замина од Фенербахче, но останува во Истанбул, во идната сезона ќе го носи дресот на Башакшехир кој минатата сезона заврши на четвртото место во турското првенство.

Озил последен пат фудбал играше на 20. март, отогаш беше исфрлен од екипата поради недисциплина, конкретно караница со тренерот.

Кога пристигна во Фенербахче, Озил велеше дека тоа е клубот за кој навива од дете, сега се сели во друг клуб од Истанбул, но барем не е во некој од големите ривали како Галатасарај и Бешикташ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани