Неофицијалните
информации говорат дека Месут Озил не е среќен во Фенербахче, клуб за кого
потпиша пред само осум месеци, а за тој трансфер тврдеше дека му е исполнување
на сонот.
32 годишниот
фудбалер во јануарскиот преоден рок потпиша за турскиот клуб, каде премина како
слободен играч на трансфер пазарот по обостраната согласност со Арсенал за
раскин на неговиот договор со кој неделно заработуваше 350 илјади фунти.
Озил не успеа да
ги оправда големите очекувања од него во Турција, а се шпекулира дека кариерата
би можел да ја продолжи во Катар, а опција е воедно и МЛС.
Поранешниот
германски репрезентативец беше ограничен на само десет настапи за Фенербахче
ланската сезона, а за тоа да биде така придонесе и повредата во март.