711
Месут Озил денеска одговараше на прашања од фановите, иако не одговори дали точно во јануари ќе замине, кажа каде би сакал да игра кога ќе го напушти Арсенал.
„Има две земји во кои би сакал да играм фудбал пред да се пензионирам, Турција и САД. Ако одам во Турција, тоа би можело да биде само во Фенербахче“, вели Озил.
„Пораснав како фан на Фенербахче во Германија. Секој Турчин во Германија додека расте навива за некој турски тим и мојот беше Фенербахче. Фенербахче е како Реал Мадрид во Шпанија. Најголемиот клуб во земјата“.