248
Се шпекулираше дека Озил ќе го напушти Арсенал, но тој има огромен договор кој му се допаѓа и покрај тоа што не игра.
„Никогаш не се знае, има многу клубови кои се заинтересирани за него. Но неговата желба да го испочитува договорот до крај никогаш не се променила. Тој е човек од збор, лојален, а во ова време тешко е да се најде лојалност. Озил го сака клубот, ги сака фановите и длабоко жали што не му е дадена шанса оваа сезона“, вели неговиот агент Еркут Согут.
Поради очајната форма во која е Арсенал, фановите бараат Озил да биде вратен во тимот, особено им фали човек што ќе креира шанси.