Овен за шпекулациите со Интер: Учев италијански, имаше контакти со тој клуб

by
1 минути читање

Поранешниот
англиски репрезентативец, напаѓачот Мајкл Овен потврди дека го изучувал
италијанскиот јазик во 1998 година за да биде подготвен при евентуален трансфер
во Интер, опција која на големо се шпекулираше тој период.

Овен, кој го
носеше дресот на Ливерпул, Реал Мадрид, Њукасл и Манчестер јунајтед, се
присетува на интересот од тогаш првиот човек на Интер, Масимо Морати.

По Светското
првенство во 1998 година, во периодот кога бев дел од Ливерпул, постоеше голем
интерес од италијански клубови
“ открива тој за „Скај Спорт Италија“.

Мојот менаџер во
тој период имаше одлични контакти со многу претседатели во клубовите, а
постоеше контакт со Масимо Морати и Интер, исто така и со други италијански
клубови
“ додава тој.

Се сеќавам дека
почнав да го изучувам италијанскиот јазик, за секој случај да бидам подготвен
за трансфер, но до тоа не дојде, сепак, кога бев млад, италијанскиот фудбал
беше најдобриот во светот
“ заклучи Овен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×