Овен се чуди зошто Лингард не го прослави голот против Вест Хем

by
2 минути читање

Вистински трилер
од завршница одиграа Вест Хем и Манчестер јунајтед, каде фаворитот славеше со
1-2 со гол на Џеси Лингард во 89 минута, а во самата завршница Нобл не успеа да
погоди од белата точка откако неговиот обид беше одбранет од Давид Де Хеа.

Поранешниот
англиски напаѓач Мајкл Овен е зачуден од потегот на Лингард да не го прослави
голот поради фактот што ланската завршна полусезона беше дел од Вест Хем каде
со девет погодоци и четири асистенции имаше фантастичен учинок на 16 натпревари.

Неговата
завршница беше неверојатно добра, единственото нешто што е очајно во целата
оваа ситуација е воедно сценариото кога тој не го прослави голот
“ изјави Овен.

Не можам да
разберам зошто фудбалерите не ги прославуваат погодоците кои ги постигнуваат
против своите поранешни клубови, тој беше таму само две минути
“ додаде тој.

Доколку не
сакаше да погоди, доколку не беше среќен, едноставно е, има решение за тоа,
додај ја топката
“ заклучи Овен, а Лингард имаше свој коментар во изјавата за
официјалниот клупски сајт на Манчестер јунајтед за таа ситуација.

Тие (навивачите
на Вест Хем) ми упатуваа постојано поддршка за време на позајмицата, ми укажаа
преубав прием во клубот, ова беше единствен начин да им се оддолжам
“ рече
Лингард.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани