193
ПСЖ вечерва загуби од Лион во Париз
со 0-1 а големи се шансите да не може да смета на Нејмар подолго време.
Во последните мигови од мечот,
Тиаго Мендеш стартуваше врз својот сонародник остро, Нејмар падна на тревата и
почна во болка да вика. Откако му беше укажана помош од лекарите, со солзи во
очите и на носилки го напушти теренот.
Се работи за повреда на скочниот
зглоб на левата нога и останува да се види колку сериозна е ситуацијата, дали
има фрактура или пак оштетување на лигаментите.