Популарните „шваби“ прокнижија три бода откако триумфираа против Вердер со 1-2. Играч на мечот беше младиот Силас Вамангитука, напаѓачот постигна два гола.
Но неговите перфороманси паднаа во втор план поради потегот кој го направи при постигнувањето на вториот погок. Во првата минута од судиското надполнување на вториот дел, тој искористи едно недоразбирање помеѓу дефанзивецот и голманот на Вердер, ја пресече топката и се најде осамен пред празниот гол.
Но наместо веднаш да ја затресе мрежата, Вамангитука застана пред гол линијата и чекаше да дојде голманот за да постигне гол. Ваквото однесување ги налути домаќините, напаѓачот Селке се врати во сопствениот шеснаесетник за да се пресметка со фудбалерот од Конго.
Страстите сепак беа смирени а Вамангитука доби жолт картон за неспортско однесување.
The disrespect on’t think I’ve ever seen anyone get booked for scoring. Step forward Silas Wamangitukapic.twitter.com/sa2uCIuW28
— Aniket (@SweeperKeeperMN) December 6, 2020