Оукленд направи чудо, одигра реми против Бока јуниорс! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Славниот аргентински клуб, Бока јуниорс се посрамоти откако одигра само 1-1 против полуаматерскиот тим на Оукленд Сити.

Бока поведе со автогол на Гароу во 26. минута, а Греј по седум минути игра во второто полувреме изедначи на 1-1.

Причина за падот на Бока во текот на мечот беше прекинот на овој дуел поради невреме по кој веќе беше јасно дека Баерн Минхен и Бенфика продолжуваат во осминафиналето.

Фудбалерите на Бока во текот на мечот сфатија дека се елиминирани, па мотивацијата им падна на најниско ниво.

Како и да е, Оукленд слави сензационален резултат, никој не можеше да поверува дека тие може да си заминат од Светското клупско првенство со бод, особено не по поразот од 10-0 од Баерн Минхен.

Фото: X/FIFACWC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×