Откриено зошто Нагелсман не седеше на клупата на Баерн: И со две дози вакцина закачил ковид-19!

by
1 минути читање

Во пресрет на синоќешниот
дуел помеѓу Бенфика и Баерн Минхен во Лигата на шампиони, „баварците“ соопштија
дека Јулијан Нагелсман нема да седи на клупата и неговите соработници ќе го предводат
тимот.

Шампионот на
Германија тогаш појасни дека стратегот останал во хотелот бидејќи имал симптоми
на грип.

Сепак, утрово Баерн
Минхен излезе со ново соопштение и пренесе дека Јулијан Нагелсман е позитивен
на ковид-19 и покрај тоа што има примено две дози вакцина.

Тој сега одвоено
од тимот, со специјален медицински лет, ќе се врати во Минхен и ќе биде во
изолација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани