Ромелу Лукаку ја
разбранува фудбалската јавност во последните денови од 2021 година откако беше
емитувано интервју во кое напаѓачот вели дека не е среќен во Челси поради тоа
што не игра доволно и изрази желба да се врати во Интер.
На Томас Тухел не
му се допадна ова, особено што шокантната изјава се појави во јавност на
неколку дена пред големото дерби со Ливерпул, па реши да го исфрли Ромелу
Лукаку од тимот за пресметката со „црвените“.
Медиумите од Англија
сега пренесуваат дека стратегот се консултирал со соблекувалната пред да повлече
ваков потег и разговарал со Сезар Аспиликуета, Нголо Канте, Жоржињо и Антонио
Рудигер. Постарите играчи застанале зад Германецот и му дале поддршка во намерата Ромелу Лукаку од дома да го следи големото дерби.