Феран Торес
синоќа беше промовиран како првото големо засилување за Чави вредно 55+10
милиони евра. Барселона трансферот го соопшти на 28. декември, иако официјалната
потврда се очекуваше ден порано.
Тогаш се пишуваше
дека има бирократски проблеми, но сега медиумите од Шпанија откриваат повеќе
детали. Причината за одложувањето на соопштението е обидот на Барса во последен
миг да вметне една клаузула.
„Каталонците“ сакале
да добијат можност да го вратат Феран Торес во Манчестер Сити доколку не успеат
да го регистрираат фудбалерот. „Граѓаните“ не го прифатиле ова смешно барања.
Во моментов,
Феран Торес не е регистриран, и за тој да биде вметнат во тимот на Барселона,
треба да си заминат неколку играчи како Умтити, Кутињо, Нето или Демир.