За иднината на
Роберт Левандовски често се пишува низ медиумите, името на Полјакот се поврзува
со Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.
Се говори дека
напаѓачот е лут на раководството на Баерн Минхен поради тоа што не му нудат
нова соработка.
Запрашан каква е
ситуацијата, неговиот агент Пини Захави вели: „Можам да потврдам дека се уште
нема никаков контакт со Баерн Минхен“.
Медиумите од
Германија пишуваат дека Роберт Левандовски сака што побрзо да се расчитат
работите и практично поставил ултиматум, или нов договор, или летоска заминува.
Спорт1 пак пишува
за причината поради која нема дискусии за нов договор. Баерн Минхен донел
одлука за лимит за плати, и никој нема да може да заработува повеќе од 25
милиони евра по сезона.
Во моментов
Роберт Левандовски заработува помеѓу 23 и 25 милиони евра во зависност од
бонусите, па Баерн Минхен нема да може да му понуди поголема плата и затоа на
маса нема предлог за нов договор.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.