Откриена е казната која клубовите ќе треба да ја платат за напуштање на Суперлигата

by
1 минути читање

Минатата недела,
12 гиганти од Шпанија, Англија и Италија соопштија дека ќе формираат Суперлига,
но притисокот од навивачите и властите беше голем, па во рок од 48 часа пропадна
целиот проект откако Арсенал, Тотнем, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити,
Ливерпул, Челси, Интер, Милан и Атлетико Мадрид соопштија дека се повлекуваат.

Претседателот на
Реал Мадрид Флорентино Перез, кој е прв човек на новото натпреварување, потоа
изјави дека никој официјално не ја напуштил Суперлигата, односно никој не ги
платил пеналите за повлекување од проектот.

Според шпанскиот
весник Возпопули казната е „дебела“, односно секој клуб кој ќе се
откаже од Суперлигата ќе треба да плати околу 300 милиони евра. Сумата е
прилично висока бидејќи новото натпреварување е финансирано со заем од 3,2
милјарди евра од ЏејПи Морган.

Сепак, Марка
повикувајќи се на извори од Суперлигата вели дека оваа бројка не е точна, додека
пак генералниот извршен директор на Арсенал, Винаи Венкатешам вели дека пеналите
за повлекување од проектот се околку 9 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×