192
Антонио Конте ќе
биде еден од најплатените тренери во светот доколку седне на клупата на Тотнем.
Преговорите бележат добар прогрес и се верува дека во скоро време двете страни
можат да си подадат рака.
Според пишувањата
на Ла Стампа, Антонио Конте во Северен Лондон ќе добие плата од 15 милиони
евра, која лесно може да се искачи и до 20 милиони евра.
Со ваква бројка,
поголеми примања од Италијанецот во светот на фудбалот ќе имаат само Пеп
Гвардиола и Диего Симеоне.