Ла Лига наскоро
треба да го соопшти лимитот за плати во Ла Лига, но емисијата „Ел Партидазо де
Копе“ уште сега објави какви се бројките. Извештајот покажува дека состојбата
во Барселона е многу полоша од тоа што се мислеше.
„Каталонците“
имаат лимит од 97 милиони евра, што е речиси 250 милиони евра помалку од
минатата сезона (пад од второто на седмото место). Лео Меси си замина од Камп Ноу поради тоа што
немаше пари за новиот договор, а беа донесени играчи како Мемфис Депај, Кун Агуеро
и Ерик Гарсија, за кои не беше платено обесштетување.
Реал Мадрид пак
има лимит од 739 милиони евра, што е за 266 милиони евра повеќе од минатата
сезона.
Разликата помеѓу
двата лути ривали е неверојатни 642 милиони евра.
Noticia @partidazocope
Informa @isaacfouto
Límites salariales de la temporada 2021/2022 que @LaLiga hará públicos mañana
El @FCBarcelona pasa del 2º al 7º (97M€)
El @RealMadrid se dispara a los 739M€
El @ValenciaCF, último (30M€)
#PartidazoCOPE pic.twitter.com/Qm04Ibrg8v
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) September 28, 2021